Многумина Кама Сутра ја доживуваат како збирка од сексуални пози, но таа е многу повеќе од тоа.
Освен на сексот, древниот текст се фокусира и на односот помеѓу љубовниците, но и на самата љубов. Иако станува збор за совети стари неколку илјади години, поголемиот дел од правилата за квалитетна љубов и сексуален однос треба да се применуваат и денес.
За авторот на Кама Сутра, сексот е дел од природниот баланс на живот, а ние ви ги претставуваме неговите три правила за максимално сексуално задоволство.
Според Кама Сутра нема да имате добар секс доколку немате предигра и тоа истата треба да биде темелно изведена. Притоа, предиграта не треба да биде само физичка. Кама Сутра посочува дека интимната предигра е клучна, а таа вклучува комуникација и вербално искажување љубов.
Познато е дека мажите полесно и побрзо доживуваат оргазам додека пак на жените им е потребно повеќе стимулација. Поголем дел од мажите помислуваат дека е логично тие први да доживеат оргазам, но Кама Сутра не се согласува во тоа.
Според Кама Сутра, суштината на сексот не е само физичко задоволство туку тој треба да се разгледува и како нешто значајно. Сексот е пат до подобра комуникација, а колку што комуникацијата е подобра толку и љубовникот и вашето задоволство ќе биде поголемо.