Меган Маркл објавила дел од видео кое публиката никогаш порано не го видела.
Станува збор за дел од интервјуто кое го даде пред неколку месеци за магазинот „Вог“.
Меган Маркл на Инстаграм објавила дел од разговорот со уредникот Едвард Енинфул.
„Ме интересираше дали можеш да ми помогнеш околу една добротворна организација, а покрај тоа да испиеме и чај“, на што уредникот рекол: „Се сеќавам кога влегов во Кенсигтонската палата, бев многу возбуден и реков 'војвотке, чест ми е', а ти ми рече 'викај ме Меган'“.
Во септемврискиот број, Меган Маркл беше првата личност во историјата која ја преземала уредничката улога за содржините на “Вог“ тој месец.
„Имаш уредничко око. Никогаш не сум видел такво нешто. Беше многу темелна, отпочеток-докрај, вели Едвард на видеото.
Погледнете го останатиот дел од разговорот.