Поминала преку кружниот тек и буквално полетала, надзорните камери ја снимиле целата ситуација

Точка

14/02/2020

18:22

4.237

Големина на фонт

а а а

Надзорните камери ја снимиле оваа несекојдневна несреќа во која една девојка со нејзиното BMW и под дејство на алкохол прелетала преку кружниот тек.

При несреќата, таа удрила во камен кој се наоѓал во средината на кружниот тек, доволно за автомобилот да ја отфрли во воздух. Бидејќи 27-годишната Марисела Овале не внимавала на брзината, автомобилот наишол на препреката со голема брзина, што и го предизвикало летањето. Се претпоставува дека возела со 110 км/ч. 

Како што јавува “CBS”, несреќата се случила во четвртокот во 2 часот наутро во Лонг Бич, а за среќа немало други учесници во сообраќајот. Марисела останала неповредена, но нејзиниот автомобил е целосно уништен, а во атерирањето оштетил уште неколку паркирани автомобили.

Исто така, BMW-то во налет отфрлил парче од каменот кое завршило во задниот дел на паркираниот Chevrolet Camaro. Судејќи по видеото, некогаш скапоценото BMW M4 ќе заврши на отпад.



Спонзорирани линкови

Маркетинг