Актерката Џенифер Анистон на 11-ти февруари го прослави 51-от роденден.
Убави честитки ѝ испратиле многу холивудски ѕвезди, а меѓу нив биле и колегите од серијата „Пријатели“.
Една од оригиналните честитки ја имала Кортни Кокс, која го играше ликот Моника Гелер во познатиот ситком.
Имено, таа објавила нивна заедничка фотографија, а на неа изгледаат речиси идентично, како да се близначки.
„Колку и да се обидувам... една е Џенифер Анистон. Среќен роденден пријателке. Те сакам“, напишала Кортни Кокс.
Еве ја и фотографијата, а вие погодете која овде е Џенифер, а која Кортни.