Од најмлада милијардерка до престапник! Поради овие измами го изгубила целото богатство преку ноќ

Кармин

13/02/2020

14:23

3.177

Големина на фонт

а а а

Своевремено била една од најмладите и најбогати американски милијардерки и притоа сама ги заработила сите пари.

Меѓутоа, тестовите за кои се тврдело дека ќе донесате револуција во медицината биле лажни.

Американскиот суд одбил дел од обвиненијата против Елизабет Холмс, која ја основала стартап компанијата „Teranosa“, која неславно пропаднала откако било докажано дека неговите револуционерни, брзни крвни тестови воопшто не биле веродостојни.


Судот сега смета дека пациентите не биле финансиски оштетени затоа што тестовите кои ги набавувале од медицинските установи ги плаќала осигурителната компанија.

Освен тоа, не постојат докази дека Холмс и поранешниот претседател на компанијата ги насочувале докторите погрешно да ги толкуваат резултатите од тестовите на пациентите.

Сепак, судот смета дека обвиненијата за измама сè уште постојат.

Според наодите од обвинението, Холмс и Балвани ги поттикнувале докторите и пациентите на користење на тие крвни тестови иако знаеле дека компанијата не е во можност да произведе прецизни и валидни тестови.

Холмс и Балвани тврдат дека не се виновни

Да ве потсетиме дека Елизабет Холмс ги напуштила студиите во 2004-та година на Стенфорд па го основала Teranos на само 19 години.

На врвот на својот успех, компанијата достигнала вредност од 9 милиони долари, а неа магазинот „Forbs“ ја прогласи за најмлада и најбогата американска милијардерка која сама ги заработила парите.


Оваа млада девојка, не само што лажела за валидноста на овие тестови туку измислила приказна дека истите ги користи американската војска во Авганистан.

Заработката од 700 милиони долари Холмс ја стекнала со измама, но откако била разоткриена нејзиното царство се распаднало, ги затворила лабораториите и дала околу 100 откази.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk