Луис Хамилтон, актуелниот шампион на Формула 1, драстично го променил својот имиџ, па неговите фанови практично не можат да го препознаат.
Навивачите на британскиот возач навикнале да го гледаат со кратка коса, иако во последно време тој имал долга коса која постојано ја носел врзана.
По завршувањето на сезоната во Формула 1 тој одлучил да ја одврзе својата коса и со тоа и тоа како истата дошла до израз.
Фотографијата на која може да се воочи новиот имиџ на Хамилтон, ја споделил на Инстаграм со своите следбеници, со опис: „Пештерски човек“.
И додека надвор од стазата за Формула 1 тој вниманието го привлекува со својот изглед, многумина се интересираат за тоа каде Луис Хамилтон ќе ја продолжи својата кариера.
Mihlali Ndamase speaks out on claims of dating Lewis Hamilton https://t.co/Pvroif9wdE pic.twitter.com/sjaYLf0f15
— Mbaretimes.com (@mbaretimes) February 13, 2020