Излегувале со истото момче и не се поднесувале една со друга: По многу години, познатите актерки проговореле за односот

Кармин

12/02/2020

19:47

7.592

Големина на фонт

а а а

Актерката Џенифер Анистон минатиот месец беше наградена со “SAG” титула за улога во серијата “Morning Show”, а овој месец е главна ѕвезда на магазинот “Interview”. Интересно е што во овој број со неа правела интервју нејзината колешка Сандра Булок.

Двете холивудски ѕвезди се знаат уште од 90-тите години на минатиот век, кога на забавата по доделувањето на Златниот глобус ги запознал актерот Тејт Донован, кој бил во врска и со Џенифер и со Сандра. Истото поранешно момче се покажало како одличен вовед во разговорот на славните актерки. 


“И ти и јас своевремено бевме дел од животот на едно многу трпеливо човечко суштество, со оглед на тоа што излегувал со нас две, дефинитивно е трпелив”, се пошегувала Сандра, а Џенифер се надоврзала: “Се чини дека човекот навистина има свој тип на жени – талентирани, забавни, љубезни, великодушни...”.

Џенифер за “Interview” открила дека пријателството со колешката не се “родило на прв поглед”:


“Мислам дека сè во животот се случува во свое време, така беше и со нас... Се сеќаваш, по таа забава повторно се сретнавме на венчавката на еден заеднички пријател: јас ти испратив порака, а ти мене пијалак”, раскажала Анистон која во интересниот разговор со Булок отворила и некои чувствителни теми кои ѝ го одбележале животот, особено младоста.

“Немав совршено детство и често се чувствував несигурно во сопствениот дом. Моите родители немаа стабилен однос и поради нивното однесување размислував дека не сакам да бидам како нив. Но, благодарна сум бидејќи денес токму поради нив размислувам на начинот на кој што размислувам”, изјавила ѕвездата на ТВ серијатa “Friends”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk