Среќните парови пред спиење го прават ова...

Супермен

12/02/2020

18:46

3.308

Големина на фонт

а а а

И додека сите ја спомнуваме хигиенската рутина, читањето книги и подготовките за наредниот ден, се поставува прашањето кои се навиките кои емоционално ве исполнуваат?

Си легнуваат во исто време

Среќните парови се обидуваат, секогаш да си легнуваат во исто време и колку и да имаат обврски кои што треба да ги завршат. Тоа им дава можност на барем 10-минутен разговор, физички контакт кој им недостасува во текот на денот и дополнително ги зближува.

Сите електронки уреди ги оставаат настрана

Доколку не сакате да бидете свртени секој на својата страна и бесцелно да “шетате по социјалните мрежи“, оставете ги мобилните телефони и лаптопи во друга просторија и посветете се еден на друг. Доколку ви е потребен аларм, би било прекрасно да имате некој часовник кој воедно може да се користи и како будилник наместо да користите будилник за тоа.


Знаат да постават граници со децата

Иако родителите ги сакаат своите деца и секако дека треба да поминуваат време со нив, тоа не значи дека треба да им дозволат на децата да спијат со нив во кревет. Важно е да знаете да поставите граница и покрај родителските обврски да имате време да му се посветите на вашиот партнер и да ги задоволите вашите, но и неговите потреби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk