Ова момче годишно заработува 200.000 долари, а наскоро ќе стане милионер: „Знаев дека не сакам да одам на факултет ниту пак да си најдам некоја работа“

Супермен

12/02/2020

16:55

3.919

Големина на фонт

а а а

Алекс Бенабе (19), редовно игра видео игри околу 12 часа или пак цел ден, а некогаш имал пренос во живо како игра цели 37 часа без прекин.

Тинејџерот од Филаделфија заработува околу 200.000 долари годишно, играјќи „Фортнајт“, пренесуваат од „Mirror“.

Во просек, Алекс игра десеттина часа секој ден, во гаражата на својот татко која ја има претворено во високотехнолошки центар за играње со опрема која е вредна 50.000 долари.

Овој успешен тинејџер подготвен е во јуни да се натпреварува на Светскиот куп за Фортнајт, турнир со награден фонд од 30 милиони долари.

Алекс, кој на интернет се претставува како Destroy вели дека отсекогаш знаел дека сака да биде професионален гејмер.

„Играм игри од својата седма година. Да бидам искрен, немав план Б. Знаев дека не сакам да одам на факултет ниту пак да си најдам некоја работа. Првата игра која некогаш ја играв беше Call of Duty: Modern Warfare. Првите пари ги заработив на мои 13 години. Мојата кариера навистина започна на 18 години. Во тоа време заработував помеѓу 40 и 50 илјади долари годишно“ - рекло ова момче.

Сега тој заработува неверојатни 10-12 илјади долари месечно на Twitch, најдобрата платформа направена за пренос на видео игри.

„Минатата година заработив околу 60.000 долари од Epic Games поради добрите резултати кои ги постигнав на некои од турнирите“ - вели Алекс. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk