Пред 10 години светот ѝ се поклонуваше на оваа скромна домаќинка: Денес е милионерка, а нејзиниот изглед изненади многумина

Кармин

12/02/2020

20:53

18.173

Големина на фонт

а а а

Сузан Бојл заработила милиони, а сега е откриено како ги потрошила, притоа покажувајќи и колку многу се трансформирала.

Сузан Бојл, ѕвездата која го освои светот во натпреварот "Britain's Got Talent", во текот на својата кариера заработилиа околу 22 милиони фунти.

Сузан денес има 58 години и стои подалеку од очите на јавноста, но објавила како ги потрошила парите...

Иако имала многу пари со кои можела себеси да си купи вила, Сузан одлучила да остане да живее во својата мала куќичка.


Како што открила за списанието „OK!Magazine“, најскапата работа која што ја купила од своите милиони била бунда, а покрај тоа таа си купила и клавир.

Тоа на што потрошила пари исто така биле часови за возачка дозвола затоа што таа отсекогаш сакала да вози, но никако не успеала да положи.

Да ве потсетиме дека Сузан се повлече од јавноста откако сфати дека не може да издржи да биде толку многу популарна и секако поради притисоците во јавноста.

Сузан на врвот од својата кариера добила и цел тим на професионалци на кои целта им била да направат ѕвезда.

И одеднаш таа навистина се претворила во ѕвезда, секогаш облечена во најдобри парчиња облека, со средена фризура и целосно стилизирана.


Кога изјавила дека е невина и дека никогаш во својот живот не се бакнала со маж, нејзината популарност експлодирала, а мажите редовно ѝ се јавувале па постојано морала да го менува бројот од својот мобилен телефон.

Во текот на финалната вечер на истоимениот натпревар, кога сите биле убедени дека таа ќе биде победникот, таа губи и истата вечер завршува во болница каде што ѝ била дијагностицирана депресија, а по излегувањето оттаму заминала во манастир во Шкотска.

Оттогаш таа поретко се појавуваше во медиумите, а минатата година објавила дека е подготвена да се врати на сцена...


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk