Твитер екипата за „Медена земја“: „Филмот победи во нашите срца, а се надевам и во свеста на многумина“

Точка

10/02/2020

18:45

3.198

Големина на фонт

а а а

Синоќа во Македонија многумина не спиеја поради 92-то доделување на престижните награди за Оскар и до утринските часови го следеa преносот во живо чекајќи да видат дали нашата земја ќе се закити со “златната статуетка“.

Деновиве на Твитер постојано се појавуваат статуси со пораки со поддршка до авторите на „Медена земја“, но и за Атиџе - хероината на филмот која многумина ја нарекоа “кралица на пчелите“.

Нашиот филм не освои награда, но влезе во историјата на Оскарите - тоа е првиот филм кој е номиниран во две категории - и за нјдобар документарец и за најдобар странски долгометражен филм.

Не освоивме Оскар, но гордоста е голема затоа што имињата на Тамара Котеска и Љубомир Стефанов беа читани покрај еден Том Хенкс, Џо Пеши, Ал Пачино, Бред Пит...

Ова се дел од пораките кои твитер екипата ги упати до „Медена земја“:

„Ја чекам Атиџе со Оскарот, како да не треба утре да станам во седум часот за на работа“.

„Горда сум на македонските режисери и сите оние кои работеа на овој документарец кој имаше две номинации. Тие не освоија Оскар, но доколку погледнете подлабоко не освоија ниту Хенкс, ниту Пеши ниту Пачино. Нека бидат горди“.

##https://twitter.com/GeaKoleva/status/1226716626189459456?s=20##

„Филмот победи во моето срце, а се надевам дека и во свеста на многумина“. 

##https://twitter.com/trejsun/status/1226690416935870465?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг