Наместо креација од македонски дизајнер, режисерката Котевска се појави на Оскарите во фустан на Марк Боуер

Кармин

10/02/2020

17:52

6.566

Големина на фонт

а а а

Наместо во креација на модната креаторка Тања Кокев, како што претходно било договорено, режисерката на “Медена земја”, Тамара Котевска, вчера на доделувањето на престижните Оскари носеше фустан од Марк Боуер од Њујорк.

Тамара се одлучила за фустан со асиметрични ракави во боја на слива. Боуер важи за еден од најангажираните дизајнери чии креации често ги носат ѕвездите на црвениот тепих во Холивуд.


Откако Котевска се појави на црвениот тепих на Оскарите, на социјалните мрежи започна дебата зошто само таа од целата екипа на “Медена земја” се одлучила да не носи оригинална креација од Кокев. Претходно медиумите пишуваа дека за Тамара специјално се креира раскошен фустан, но сепак на крај таа се решила за њујрошки дизајнер, а информацијата ја пренесе и самата Тања Кокев на својот Фејсбук профил.

Покрај Тамара, големо внимание привлече и Атиџе која носеше традиционални шалвари, а машкиот дел од тимот се одлучил за сигурна варијатна – смокинзи во комбинација со пеперушка, исто така со дизајнерски потпис на ателјето “Кокев”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk