Првите резултати од истрагата на падот на хеликоптерот на Брајант: Еден од доказите се наоѓа во гранките

Точка

08/02/2020

13:12

5.574

Големина на фонт

а а а

Првите резултати од истрагата на урнатиот хеликоптер во кој загина легендарниот кошаркар на НБА, Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка и уште седум луѓе, не упатуваат на заклучок дека падот на леталото бил предизвикан од некаков дефект на моторот, соопштила денес американската Национална агенција за безбедност на сообраќајот (NTSB).

Итражувачите од NTSB веруваат дека пресечените гранки од дрвјата на местото на кое хеликоптерот паднал, докажуваат дека моторот и роторот на хеликоптерот совршено работеле во текот на самиот удар на хеликоптерот на земјата.

„AP“ наведува дека денешниот извештај од NTSB е повеќе од информативен карактер и дека во него нема никакви заклучоци и точни причини за несреќата.


Американската агенција потсетува дека Ара Зобјан (50), кој го возел хеликоптерот, бил искусен пилот со повеќе од 8.200 часови летање.

Тој исто така имал и посебна дозвола во екстремни услови за летање да ги користи само инструментите од хеликоптерот, без комуникација со некја контролна служба, потсетуваат од „AP“, истакнувајќи дека до таква дозвола пилотите на хеликоптерите многу ретко стигнуваат.


Американската агенција исто така потсетува дека Зобјан бил пилот на многу познати личнсоти во Америка, вклучувајќи го и НБА играчот Кавај Леонард и ријалити ѕвездата Кајли Џенер.  



Спонзорирани линкови

Маркетинг