Ја избрал смртта наместо кршењето на принципи: 5 работи кои сигурно не сте ги знаеле за Боб Марли

Супермен

07/02/2020

12:42

4.493

Големина на фонт

а а а

По 75 години од раѓањето на еден од најголемите музичари во историјта, откриваме неколку интересни факти за него.

Го нарекувале “Бело момче“

Марли, верувале или не, важел за белец и често трпел расистички испади од страна на луѓето. Неговиот татко бил белец, британски композитор, капетан Норвал Синклер Марли, а мајка му се викала Седела. Соседите Боб го исмевале и го нарекувале “Бело момче“, а тоа го натерало да развие филозофија:

„Не сум на страната на белите луѓе ниту пак на страната на “црните луѓе“. Јас сум на божјата страна“.

Пророштва на дланка

Додека бил момче, Марли важел за еден од локалните пророци, а многумина подоцна прераскажувале како им ја читал судбината од дланка. Како 17-годишно момче, живеел во гето во Кингстон една година, а потоа се вратил во своето село и им соопштил на сите дека неговата судбина е да стане пејач.

Децата секогаш биле добредојдени во неговиот живот

Славниот музичар и неговата сопруга Рита се венчале кога Марли имал 21 година и останале во брак до крајот на неговиот живот. Боб ја посвоил нејзината ќерка, а потоа со Рита добил уште четири деца. Меѓутоа, не ѝ бил верен и од многубројните авантури кои ги имал добил уште осум деца така што денес е познато дека тој е татко на: Шерон, Седела, Дејвид, Стивен, Роби, Рохан, Карен, Стефани, Џулијана, Ки-Мани, Демијана и Мадека.

Не се предавал и тогаш кога му било најтешко

Два дена откако бил застрелан, легендарниот музичар настапувал на концерт пред 80.000 луѓе.

„Луѓето кои се обидуваат да го направат овој свет полош, не земаат ниту еден ден одмор. Како тогаш јас да земам одмор?“ - ја прашал Марли публиката.


Ја избрал смртта наместо да оди против своите уверувања

Во јули 1977-та година, дијагностициран му е меланом под ноктите на ножните прсти. Докторите го советувале да ги ампутира прстите, а тој го одбил тоа бидејќи сметал дека доколку го направи тоа ќе направи и грев.

Наместо тоа, отстранет му бил ноктот и на негово место пресадена му била кожа. Четири години откако му било дијагностицирано заболувањето, починал во Мајами на 36-годишна возраст. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk