„Ми недостасува твоето “Bonjourno, principessa/reina”“: Сопругата на Брајант со уште една емотивна објава

Кармин

06/02/2020

11:13

2.942

Големина на фонт

а а а

Коби Брајант, вистинската кошаркарска легенда го напушти овој свет во хеликоптерска несреќа во која загинаа уште седум други луѓе.

Меѓу настраданите беше и неговата малолетна ќерка Џиана, а неколку денови по несреќата која се случи на 26-ти јануари, светот и понатаму жали по овој великан.  

Коби позади себе ја остави сопругата Ванеса и уште три ќерки. Неговата неутешна вдовица повторно се огласи на Инстаграм каде што објави фотографија од Коби, под која ја напишала следната порака:

„Мојот најдобар пријател,најдобар татко. Многу ми недостасуваш. Згоден, сладок, сакан, смешен сопруг. Ми недостасува твоето “Bonjourno, principessa/reina”“.

По оваа објава, објавила уште едно видео на кое Коби Брајант зборува дека токму таа е неговиот најдобар пријател:

А, потоа следелe уште петнаесет објави од простувањето на училишните пријатели на Џиана од неа...


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk