Мајка му го нарекувала “плачко“, а татко му починал поради алкохол: Кристијано Роналдо денес полни 35 години, а ова се 35-те необични работи за него

Супермен

05/02/2020

12:00

5.560

Големина на фонт

а а а

„Љубоморни сте затоа што сум богат и убав“ - ова пред точно десет години го изјави Кристијано Роналдо и до денес не се променил многу.

Денес тој полни 35 години, а и понатаму игра како “машина“. Англија, Шпанија, Италија...

По повод роденденот на Кристијано Роналдо издвоивме 35 работи кои можеби не сте ги знаеле за него:

- Мајка му го нарекувала “плачко“ затоа што плачел секојпат кога неговите другари немале да дадат гол;
- Во Грција и понатаму го нарекуваат “плачко“ затоа што плачел кога изгубил во финалето на EURA 2004-та година со Португалија токму од Грција;  
- На 14 години го избркале од училиште затоа што ја гаѓал наставничката со стол зошто наводно го навредувала; 
- Морал да се оперира на 15 години и речиси се откажал од фудбалот поради “спортското срце“. Отишол на операција;. 


- Кристијано првиот син го добил во 2010-та година со непозната келнерка. За Кристијано јуниор се знае многу малку;  
- Роналдо името го добил по поранешниот претседател на САД и актерот Роналд Реган;  
- Има големо семејство. Мајка му Марија е готвачка, а татко му Хосе бил градинар. Има и постар брат Хуг кој е директор на музејот на Роналдо и две сестри Елма и Лијан;  
- Од Национал дошол на тридневна проба во Спортинг и ги воодушевил;  
- Првиот клуб на Роналдо е аматерскиот Андорињо во кој неговиот татко работел;  
- Во Манчестер Јунајтед пристигна во 2003-та година за 19 милиони евра;  


- Морал да паузира еден натпревар затоа што во својата трета сезона во Англија на навивач на Бенфика му покажал среден прст;  
- Првиот и единствен хет трик го постигнал за Манчестер Јунајтед во 2008-та година; 
- Тој е првиот играч на Јунајтед по Џорџ Бест од 1968-та година кој освоил Златна топка;  
- Роналдо во 2006-та година отворил бутик со име „CR7“ во Мадеира, а две години подоцна отворил секс хенд во Лисабон;  
- Во неговиот роден Фунчел отворен е музеј во негова чест кој содржи трофеи и ретки фотографии; 
- Кристијано не пуши, а нема ниту тетоважи. Вели дека тоа е така поради тоа што често е крводарител; 
- Ја продал Златната топка освоена во 2011-та година за еден милион и половина евра и парите ги донирал за сиромашни деца во Газа; 
- Во цик-цак трчање го победил шпанскиот спринтер Давид Родригез; 


- Португалецот во сезоната направил 900 спринтови и повеќе од олимписките спринтери; 
- Може да скокне дури 78 цантиметри, седум центиметри повеќе од НБА просекот; 
- Кристијано на тренинг прави по 3.000 стомачни вежби; 
- На тренинг подигнува 23.000 килограми; 
- Арнолд Шварценегер Португалецот го смета за најатлетичаткиот спортист; 
- Според Форбс само боксерот Флојд Мејведер заработува повеќе од Португалецот; 
- Астрономот Давид Собрал открил галаксија и ја нарекол CR7;  
- Бил во врска со руската манекенка Ирина Шајк; 


- Во 2015-та година купил луксузен стан во “Трамп кулите“ во Њујорк; 
- Во соработка со Еден го пуштил во продажба својот парфем;
- Во Канада на некој универзитет на социологија има група за Кристијано Роналдо; 
- Таткото на Роналдо, Хосе Динис Авеиро, починал во 2005-та година на 52 години поради проблеми со алкохолот. Роналдо го молел да оди на рехабилитација, но Хосе одбил;  
- Еден месец по смртта на неговиот татко Португалецот бил уапсен и обвинет за силување, сепак бил пуштен со кауција; 
- Во 2014-та година именуван е помеѓу 100-те највлијателни луѓе на сите времиња; 
- При скок тој генерира сила од 5G. Тоа е пет пати повеќе од силата кога скока пумата; 
- Мастите во телото на Роналдо се околу 10 отсто; 
- Во 2011-та година Кристијано во продажба ја пуштил играта “Heads Up” за iPhone.  


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk