Жиру по стапките на Вилијам Галас: Си заминува од Челси, но останува во Лондон

Дерби

29/01/2020

13:24

1.958

Големина на фонт

а а а

Јасно е дека искусниот француски напаѓач, Оливие Жиру нема иднина во Челси и извесно е дека ќе си замине од клубот до крајот на преодниот рок.

Долго време се шпекулираше дека Жиру ќе се пресели во редовите на Интер, но во последен момент се појави опција тој да остане во Англија.

Имено, како шт пренесуваат некои медиуми на Островот, Жиру би можел да направи изненадувачки трансфер во тимот на Тотенхем.

Доколку се реализира ова, Жиру ќе ги следи стапките на Вилијам Галас кој ги има носено дресовите на трите најголеми клубови во Лондон, Арсенал, Челси и Тотенхем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг