Арсенал се изнамачи во преговорите, но конечно ќе го добие првото зимско засилување

Дерби

29/01/2020

12:50

1.644

Големина на фонт

а а а

Арсенал е многу блиску до ангажман на фудбалерот кој изминативе денови силно се поврзува со транфер на „Емирејтс“, Пабло Мари.

Пред нешто повеќе од една недела излезе информација дека Мари е на чекор до Арсенал, а тој дури беше и во Лондон на преговори со англискиот клуб.

Сепак поради пречка во преговорите, тој се врати во Бразил и многумина очекуваа дека играчот од одбраната ќе остане во тимот на Фламенго.

Но, во последните 24 часа бил постигнат значителен напредок во преговорите, па Мари наскоро и официјално би можел да стане нов фудбалер на „топчиите“.

Интересно е тоа што Арсенал ќе го донесе играчот на шестмесечна позајмица со право на целосен откуп на неговиот договор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг