Златни парови на Холивуд: Тие со години опстојуваат заедно и покрај бројните проблеми

Кармин

29/01/2020

13:07

4.668

Големина на фонт

а а а

Не е лесно да се остане во врска, а уште потешко е кога вашите приватни детали од животот се достапни во јавноста, пишува “Bright Side”. Сепак, постојат славни парови кои напорно и долго работеле на својот однос и успеале да останат заедно и покрај бројните проблеми.

Овие парови ја враќаат надежта и верата во вистинската љубов, како и во здравите емотивни односи. 

Том Хенкс и Рита Вилсон

Овој пар се запознал во 1981 година, а се венчал 7 години подоцна. Том и Рита се веќе 31 година во брак, што е многу подолго од повеќето други парови во Холивуд. Кога на Рита ѝ бил дијагностициран рак на дојка и кога морала да оди на операција, Том постојано бил покрај неа и ѝ пружал неизмерна поддршка.


Принц Вилијам и Кејт Мидлтон

Принцот Вилијам ја запознал Кејт во 2001 година. Тие се забавувале 4 години, по што накратко се разделиле. Парот проаѓал низ тежок период, но на крајот љубовта сепак победила, по што се венчале во 2011 година. Сега се заедно веќе повеќе од една деценија и имаат 3 деца.


Елен Деџенерис и Порша де Роси

Елен и Порша се запознале пред речиси 2 децении, но започнале да се забавуваат дури 4 години подоцна, во 2004 година. Порша ѝ се воодушевувала на Елен за храброста поради тоа што не криела дека е геј која се појавила и започнала да ја води својата позната ТВ емисија. Парот се венчал во 2008 година, кога Врховниот суд во Калифорнија ја укина забраната за геј бракови. Сè уште се заедно и живеат со многу домашни миленици.


Хју Џекмен и Дебора Ли Фернес

Австралискиот актер ја сретнал својата сегашна сопруга на сетот на еден од своите први филмови во 1995 година. Таа е 13 години постара од него, а Хју знаел дека Дебора е вистинската за него дури и кога сакала да раскине со него.


Само една година подоцна, парот се венчал и по 25 години брак сè уште се заедно.

Ештон Качер и Мила Кунис

Ештон и Мила глумеа заедно во хит серијата “That 70’s Show” која се снимаше во текот на 90-тите години. Во приватниот живот биле пријатели, а започнале љубовна романса дури во 2012 година.


По 3 години врска се венчале и денес имаат две деца. Иако со текот на годините се појавуваа гласини за развод, Мила и Ештон уживаат во својата љубов.

Џулија Робертс и Даниел Модер

Џулија го запознала својот сопруг во 2000 година, кога тој бил камерман на снимањето на филмот “The Mexican”. Парот се венчал во 2002 година и има две деца.


“Тој искрено, до овој ден, до оваа минута е мојата омилена личност”, рекла Џулија своевремено за својот сопруг.

Никол Кидман и Кит Урбан

На Урбан му биле потребни неколку месеци да собере храброст и да ја покани убавата Никол на состанок. Сепак, се венчале само неколку месеци по првиот, и очигледно, судбоносниот состанок.


Тие се во брак повеќе од една деценија, но не секогаш им цветале рози. Неодамна кружеа гласини за нивен развод, но набрзо престанаа откако тие се појавија во јавноста и докажаа дека сè уште се заљубени еден во друг.

Џон Леџенд и Криси Тајген

Овој моќен пар се венчал во 2013 година и имаат две деца. Но, работите не секогаш биле одлични, особено кога Тајген патела од постпородилна депресија, но тие секогаш биле тука еден за друг.


“Ние се поддржуваме еден со друг во сè што работиме. Сакам да гледам дека таа успева во работите кои ги сака, како и дека и на неа ѝ е драго што успевам во тоа што го сакам. Тоа е односот кој треба да го имате со својот партнер”, напишал Леџенд на Твитер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk