"Секој има своја цена. Важно е само да се дознае колкава е таа", рекол одамна Пабло Ескобар, а за неговиот дом да биде претворен во луксузен хотел биле издвоени 17,5 милиони долари.
Туристичкиот комплекс е направен на имотот на нарко-босот, кој се наоѓа на самата плажа во Тулум. Оваа локација се смета за најпопуларна туристичка дестинација на полустровот Јукатан.
Всушност, само дел од вилата на Пабло Ескобар е купен, и тоа Каса Малка за 17,5 милиони долари, додека за вложување и средување се издвоени уште 100 милиони.
Луксузниот комплекс ќе има само 42 единици за сместување, но секако пространи и совршено уредени. Хотелот, иако се наоѓа на плажа има и два базени. Во комплексот се наоѓаат и два ресторани и низа продавници на познати марки, пишува "CEO Lifestyle".
Иако не сметаат сите дека врската на овој објект со бруталниот Ескобар е добра за работата, токму тоа и придонело многу личности да се интересираат за Тулум, а со самото тоа и многу туристи имаат желба да го посетат ова место.
Читателите на туристичкото списание "Conte Nast Traveler" овој комплекс е прогласен за еден од најдобрите во 2020-та година.