Бруно Фернандеш со една кратка изјава го потврди трансферот во Манчестер Јунајтед

Дерби

29/01/2020

11:25

1.251

Големина на фонт

а а а

Вчера излегоа информации дека Манчестер Јунајтед и Спортинг Лисабон постигнале конечен договор во врска со трансферот на Бруно Фернандеш на „Олд Трафорд“.

Со тоа конечно заврши сагата која траеше цел месец уште од започнувањето на јануарскиот преоден рок.

Фудбалерот беше „уловен“ како влегува во својот автомобил, видно задовлен од тоа што веројатно е завршена целата сага околу трансферот на „Театарот на соништата“.

Запрашан од новинарот дали Англија е дестинација која ја преферира, Фернандеш само кратко одговори: -Отсекогаш била….

Потоа новинарот го праша дали Манчестер Јунајтед е негов следен тим на што Фернандеш со насмевка одговори: -Било каде…, но сепак јасно е дека во скоро време ќе го облече дресот на „ѓаволите“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг