Шекил скршен од болка долови како дознал за смртта на Коби: Го изгубив помалиот брат, живееме во свет…

Дерби

29/01/2020

11:23

2.500

Големина на фонт

а а а

Легендарниот НБА кошаркар и член на златната генерација на Лејкерс заедно со Коби Брајант, Шекил О'нил учествуваше во специјалната емисија на „ТНТ“ организирана во чест на прерано починатиот Брајант.

О'нил важеше за еден од најблиските пријатели на Коби Брајант, па јасно беше што неговата смрт толку многу го погоди.

Шек посочи дека еден од неговите внуци му кажал за смртта на Коби Брајант, но тој на почетокот не можел да поверува.

– Му се пуштив. Му кажав да го тргне тоа од моето лице и да се тргне од мене. Живееме во свет во кој се може да биде фотошопирано, се може да биде излажано. Не сакав да верувам во тоа, а потоа добив повик од вас, сите ме бараа и наскоро дознавме дека тоа е потврдено. Немам почувствувано таква длабока болка во последно време, го загубив мојот помал брат, -започна Шекил О'нил.

Шекил О'нил и Коби Брајант играа заедно во Лејкерси додека О'нил не беше трејдуван во Мајами во 2004 година. И покрај тоа што се разделиле, Шекил објави дека постојано си разменувале пораки и останале премногу блиски.

– Нашите имиња ќе бидат запомнети заедно за тоа што го направивме. Луѓето отсекогаш прашуваат за нашата врска. Последен удар беше неговата сакна ќерка која беше во хеликопотерот. Секогаш кога ќе ги видев нивните прекрасни жена и деца…„Здраво чичко Шек“… Не знам дали знаеа дека сум кошаркар, тоа не е воопшто важно.

– Фактот што нема да сме во можност да се шегуваме на церемонијата за Куќата на славните, што нема да сме во можност да му кажам, „Здраво, јас имам пет прстени, ти имаш четири“, фактот што нема да речеме дека ако останевме заедно ќе имавме по десет прстени, тоа нема да се врати назад и боли. Никогаш не можев да замислам нешто како ова, - изјави Шекил О'нил и не можеше да ги сокрие солзите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг