Расте бројот на заразени во Германија, уште три нови случаи

Макфакс

29/01/2020

11:16

1.377

Големина на фонт

а а а

Во Германија, четири лица, сите од компанијата „Вебасто“, биле заразени со корона вирус, а нивниот работодавец привремено го затворил седиштето на компанијата во Горна Баварија.

Четворицата заразени од корона вирусот работат во седиштето на компанијата во која се вработени околу илјада луѓе, а фирмата е во близок контакт со надлежните органи и донесува одлуки засновани врз основа на препораки од Институтот „Роберт Кох“.

„Три нови пациенти се примени и на Клиниката Швабинг во Минхен, каде што се наоѓаат во изолација и се под медицински надзор. Неколку други лица кои биле во контакт со нив во моментот се набљудуваат “, велат од германското Министерство за здравство.

„Дојче веле“ наведува дека уште 40 нивни колеги се под медицински надзор.

Раководителот на Специјалното одделение за инфектологија на баварскиот Државен институт за здравје и безбедност на храна рече дека може дополнително да се зголеми бројот на заразени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг