Солскјер потврди дека клубот работи на продолжување на договорот на играч кој веќе беше виден како заминува од Манчестер Јунајтед

Дерби

29/01/2020

10:30

834

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер потврди дека од раководството на клубот работат на продолжување на соработката со еден искусен фудбалер.

Станува збор за српскиот интернационалец, Немања Матиќ кој многумина го видоа како заминува од „Олд Трафорд“.

Матиќ има само уште шест месеци од актуелниот договор со „ѓаволите“, а во јавноста се шпекулираше дека тој би можел кариерата да ја продолжи во редовите на Интер.

Сепак, откако пропадна можноста тој да си замине, но и откако го подигна нивото на игра, од клубот се решиле да му понудат нов договор, а тоа го потврди и норвешкиот стратег.



Спонзорирани линкови

Маркетинг