Жозе Мурињо го обезбеди и второто засилување во јануарскиот преоден рок откако Тотенхем и ПСВ се договориле за холандскиот репрезентативец, Стивен Бергвијн.
Офанзивецот ги помина медицинските прегледи во Лондон, а веднаш потоа позираше и со дресот на Тотенхем.
Сепак, трансферот се уште не е официјализиран и се очекува истото да се стори во следните неколку часа.
Бергвијн пристигна на „Вајт Харт Лејн“ за сума од 27 милиони евра и треба да помогне на тимот на крилните позиции во офанзивата.