Ново од Алпско: Кисело млеко и јогурт без лактоза

Точка

29/01/2020

10:20

2.140

Големина на фонт

а а а

Интолеранцијата на лактоза претставува се’ поголем проблем на модерното време, па се поголем број луѓе бараат алтернатива на млечните производи. Лакталис нуди различно и поефективно решение – да се избегне лактозата без да се исфрлат млечните производи од исхраната. Покрај млекото без лактоза, отсега на пазарот можат да се најдат кисело млеко и јогурт без лактоза од Алпско.

Последните неколку години дискусијата за интолеранција на лактоза се прошири од обичен разговор за стомачни тегоби и подуеност до глобална едукација за реален здравствен проблем кој секоја година зафаќа се’ повеќе луѓе. Околу 65% од светската популација покажува намалена способност за правилна дигестија на лактозата. Но, целосното исфрлање на млекото од секојдневната исхрана не претставува вистинско решение. Наместо тоа, Лакталис и Алпско имаат за цел да им понудат на своите потрошувачи повеќе опции за лесен ден.

Во текот на изминатата година потрошувачите беа едуцирани, а нивото на интерес и информираноста за интолеранцијата на лактоза се подигна на високо ниво. Оваа година, новите производи на Алпско, киселото млеко и јогуртот без лактоза, им даваат нова опција на сите оние кои патат од интолеранција на лактоза. Создадени од свежо млеко без лактоза и 1,5% млечни масти, тие претставуваат совршена рамнотежа од слатко-киселкаст вкус и се одлични во комбинација со овошје, житарки и вкусни пецива.


Исфрлањето на млечните производи од секојдневната исхрана воопшто не може да се смета како квалитетно и долготрајно решение, поради големиот број придобивки кои ги нуди млекото – почнувајќи од калциумот, кој е одличен за коските и забите, а завршувајќи со протеините кои даваат енергија и ги регенерираат мускулите. Наместо тоа, добро е да се знае дека на полиците во супермаркетите веќе има производи кои ги даваат истите бенефити, но без присуството на лактоза, која може да ви предизвика тегоби, болки и подуеност.

Безлактозните млечни производи на Алпско не се препорачуваат само за луѓето кои се интолерантни на лактоза. Напротив, тие претставуваат вистинска замена за стандардните млечни производи и се погодни за секого. Всушност, многумина дури и го преферираат значително послаткиот вкус на производите без лактоза, кој особено им се допаѓа на децата.

Она што треба да го направите е да ги следите крилјата на жолтата пеперутка и да ги пронајдете млечните производи без лактоза на Алпско во вашиот локален маркет. Млечни производи без лактоза – За лесен ден!




Спонзорирани линкови

Маркетинг