Мистерија околу падот на американскиот авион: Иранците тврдат дека загинал „Мрачниот принц“ на ЦИА, Пентагон молчи!

Точка

29/01/2020

09:42

5.258

Големина на фонт

а а а

Авганистанскат армија во вторник се судри со талибанските борци во обидот да се пробие до местото каде се наоѓаат остатоците на срушениот американски воен авион.

Авионот „Бомбардиер Е-11А“ на американското воено воздухопловство се сруши во понеделникот во Авганистан, на територија која е под контрола на Талибанците. Иако најпрвин се шпекулираше дека станува збор за патнички авион, набрзо потоа беше откриено дека се срушил американски воен авион.

Талибанците тврдат дека тие го срушиле американскиот воен авион, во кој според нив имало шест лица, од кои некои биле истакнати во редовите на американската разузнавачка служба ЦИА.


Повикувајќи се на извори од руските разузнавачки служби, иранските медиуми вчера објавија дека во рушењето на авионот загинал првиот човек на операциите на ЦИА во Иран, Ирак и Авганистан, Мајкл Д'Андреа. Според иранските медиуми, токму тоа е човекот кој е одговорен за ликвидацијата на иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Сепак, Иранците не претставија никакви докази за своето тврдење, а својот кредибилитет дополнително го нарушија објавувајќи фотографија од актерот Фредрик Лехне кој глумеше во холивудскиот филм "Zero Dark Thirty", претставувајќи го како убиениот Д'Андреа.


Од друга страна, ниту Американците не се баш убедливи со своето скромно известување за несреќата. Американските вооружени сили на почетокот воопшто не признаваа дека станува збор за пад на нивен авион, а според сите светски медиуми, авионот кој се сруши бил патнички авион на авиокомпанијата "Ariana Afghan".

Набрзо потоа портпаролот на авиокомпанијата се огласи и порача дека сите нивни авиони се во ред, а потоа и се појавија првите фотографии од срушениот авион на кој јасно се гледа дека е американски воен авион, Дури тогаш, од Пентагон потврдија дека се срушил нивен „Бомбардиер Е-11А“, притоа отфрлајќи ја можноста истиот да биде срушен од Талибанците.


Во моментите кога авганистанските војници со американска поддршка се обиделе да дојдат до остатоците на срушениот авион, паднале во заседа на Талибанците. После долгите борби, Американците дошле до остатоците на загинатите војници, чиј идентитет допрва треба да биде утврден.

Иако талибанските извори тврдат дека станува збор за авион кој бил во шпионска мисија, сепак „Бомбардиер Е-11А“ пред сѐ, се користи како летечки „рутер“ - комуникациски авион кој служи за поврзување на воени единици, возила и упоришта во една дигитална мрежа на локации (планински подрачја како во Авганистан) каде што е оневозможена директната радио врска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг