Земјотрес со јачина од 4.5 степени почувствуван во земјава

Макфакс

28/01/2020

21:50

7.332

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 4.5 степени вечерва беше почувствуван во земјава и во регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот е во Албанија, а во 21.17 часот тресењето на тлото било почувствувано и од делови на земјава, како и во Црна Гора со јачина од 4.6 степени според Рихтеровата скала.

Два помали земјотреси попладнево се регистирани повторно во Турција, каде најмалку 21 лице досега го загуби животот, а над 1.000 се повредени во земјотресот кој вчера ја погоди источна Турција.Најмалку 30 лица останаа затрупани под урнатините на зградите по синоќешниот земјотрес.




Спонзорирани линкови

Маркетинг