Истражување: Дури 85 отсто од жените не носат соодветен градник

Кармин

28/01/2020

18:24

1.919

Големина на фонт

а а а

Дали дамите знаат да изберат соодветен градник за своите гради? Американските и британските експерти одговараат негативно.

Дури 85 отсто од жените носат несоодветен градник, а 65 отсто изразиле желба да бидат поудобни. Повеќето носат погрешна големина на корпите, поради што градникот се поткрева над градите или стои високо на грбот - покажуваат британските експерти.


А, поради лошиот избор на градник, може да настанат проблеми со грбот, слични на оние кои ги предизвикуваат неудобните чевли. Ова најдобро го знаат дамите со големи гради, кои поради неадекватниот градник се згрбавуваат и патат од болки и замор во пределот на вратот и грбот, истакнуваат британските експерти.

Модерните градници ги притискаат и ги подигнуваат градите, а тоа изгледа оптоварувачки. Според нив, најдобри се оние со прерамки кои се вкрстуваат на грбот, а на тој начин го олеснуваат носењето на “убавиот терет“.


Инаку, експертите сметаат дека е подобро да не носите градник ако големината не ви одговара, а доколку тоа е неопходно, тогаш не го носете подолго од 12 часа во текот на денот, што значи дека се препорачува вадење на градникот за време на ноќта, односно додека спиете. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk