Водителката заплакала сред емисија поради смртта на Коби: “Кажете им на луѓето дека ги сакате”

Точка

28/01/2020

17:38

4.705

Големина на фонт

а а а

Познатата водителка Елен Деџенерис била видно скршена поради смртта на Коби Брајант, кој настрада во хеликоптерска несреќа заедно со својата 13-годишна ќерка и уште 7 лица.

Во текот на својата емисија “The Ellen Show”, водителката ѝ се обратила на публиката и ѝ испратила силна порака дека животот е краток и дека треба да се слави. 

“Ви благодарам што сте тука. Го ценам денешниот ден повеќе од вчера бидејќи животот е краток... Денеска е понеделник, вчера беше недела, ми беше роденден и се одржаа Греми наградите – бев номинирана, не добив награда, но тоа не е поентата сега.


Вчера требаше да биде славенички ден, но добивме трагична вест за Коби Брајант и сè се промени во секунда. Животот е краток и кревок. Не ви е потребен роденден за да славите, славете го животот. Ако некому не сте му рекле дека го сакате, кажете му сега. Кажете им на луѓето дека ги сакате. Пишете им на пријателите, прегрнете ги, бакнете ги.

Ве сакам сите. Знам дека сум среќна што имам сопруга која многу ме сака, иако немам Греми. Ве сакам сите вас со кои соработувам”, изјавила Елен низ солзи.

Погледнете ја снимката:



Спонзорирани линкови

Маркетинг