„Животот без Бредли за мене е нешто ново“: Ирина Шајк проговоре за разделувањето од Бредли Купер

Кармин

28/01/2020

17:16

5.148

Големина на фонт

а а а

Иако отсекогаш ги криеја деталите за својата врска, руската манекенка не била воздржана кога зборувала за тоа како се чувствува по раскинувањето со таткото на нејзината ќерка.

Во текот на четиригодишната врска Ирина Шајк и Бредли Купер беа многу таинствени и не ѝ дозволуваа на јавноста да дознае многу работи за нивниот однос.

Дека не било сè секогаш идеално покажуваат фотографиите од некој натпревар на Вимблдон на кои парот постојано тивко се расправал, а убавата Русинка во еден момент почнала да плаче.


И покрај тоа, тие секогаш важеа за пар кој е заљубен до уши, особено откако на свет пристигна нивната ќерка - Леа де Сена Шајк Купер.

„Мислам дека имавме среќа што го искусивме тоа што ние двајца го имавме заедно“ - искрено изјавила манекенката па додала:

„Животот без Бредли за мене е нешто целосно ново“.

Исто така таа истакнала дека доколку луѓето индивидуално се добри тоа не значи дека ќе бидат добри и доколку се заедно.


„Мислам дека во сите добри врски го покажувате и вашето најдобро и вашето најлошо, тоа е во човечката природа. Двајца одлични луѓе не мора да составуваат еден добар пар“ - рекла Ирина.

Таа за британското издание „Vogue“ раскажала и за тоа како се чувствува како самохрана мајка.

„Тешко е да се пронајде рамнотежа помеѓу животот на самохрана мајка и тоа што сум вработена мајка. Верувајте ми, има денови кога се будам и помислувам: „О, боже мој, не знам што да правам, се распаѓам““. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk