Убиен офицерот на ЦИА кој му пресуди на Сулејмани? Иран: Беше во авионот кој мистериозно е срушен во Авганистан!

Точка

28/01/2020

16:45

13.671

Големина на фонт

а а а

Иранските медиуми денеска пренесуваат дека високиот офицер на американската ЦИА, Мајкл Д‘Андреа, за кој се смета дека го организирал убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, наводно загинал во Авганистан.

Иранската новинска агенција „Mehr“ наведува дека Д'Андреа, познат под прекарот „Ајатолах Мајк“, бил во американскиот авион кој во понеделникот го соборија Талибаните, пренесува британскиот „Daily Star“.


За Д'Андреа се зборува и дека ја организирал потрагата по водачот на Ал Каеда Осман бин Ладен. Меѓутоа, тие тврдења засега никој од американските службени лица не ги потврдил.

Д'Андреа се приклучил на ЦИА во 1979-та година, а го добил својот прекар поради операциите во Иран, Ирак и Авганистан. Се смета дека бил задолжен за антитерористички операции, апсења, дури и за програми за тортура, а „NewYork Times“ во 2017-та година објави дека администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, го именувала за операциите во Иран.


Во авганистанската провинција Газни во понеделникот се срушил американски авион, за кој Талибаните тврделе дека го собориле и дека во него имало 83 припадници на американската војска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг