Пејачот ја крена Америка на нозе поради Коби Брајант: “НБА, променете го логото!”

Супермен

28/01/2020

16:26

6.938

Големина на фонт

а а а

Познатиот канадски пејач Џастин Бибер им се придружи на бројните луѓе ширум светот кои сметаат дека треба да се промени досегашното лого на НБА поради Коби Брајант, кој на 26-ти јануари го загуби животот во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија.

Пејачот се огласил на Инстаграм, каде објавил фотографија како треба да изгледа новото лого на НБА лигата, на која се наоѓа силуета од славниот Коби. 

“Променете го логото!”, напишал Бибер кратко и јасно, по што следеле десетина илјади коментари и објави во кои луѓето апелираат логото да се промени.

Оваа иницијатива ја поддржа и раперот Ашер, кој го посакува истото НБА лого како и Џастин.

“Не постои подобро време или подобра ол-раунд атлета и личност за тоа”, напишал Ашер.

Како што е познато, на сегашното лого на НБА лигата се наоѓа силуета од славниот Џери Вест, легендата на ЛА Лакерс.


А еве како изгледа и актуелното лого со силуетата на Вест:



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk