Хотел во кој нема спиење: Atari гради хотел за гејмери

Точка

28/01/2020

16:15

2.172

Големина на фонт

а а а

Познатата компанија ќе отвори осум хотели кои ќе бидат препознатливи по дизајнот, но и по внатрешноста која ќе биде прилагодена за љубителите на видео игрите.

Оваа година би требало да започне изградбата на првиот хотел на Atari наменет за љубителите на видео игрите во американскиот град Феникс. Потоа, од Atari планираат да изградат исти хотели и во Лас Вегас, Денвер, Чикаго и други градови.

Компанијата планира да изгради вкупно 8 вакви хотели кои ќе имаат препознатлив изглед со логото на Atari.


Од Atari велат дека ова ќе биде возбудлив нов концепт и досега невидена гејмерска дестинација која ќе нуди уникатно искуство. Хотелите ќе ги посетуваат љубителите на видео игрите од сите жанрови и години, а посебен акцент ќе биде ставен на технологиите за проширена и виртуелна реалност. Исто така, хотелот ќе се дизајнира така што ќе може да се организираат турнири во е-спорт.

Освен тоа што во собите ќе се наоѓаат компјутери и гејминг конзоли, посетителите секако ќе можат да уживаат и во базени, теретани, ресторани и во кино сали.



Спонзорирани линкови

Маркетинг