Официјално: Ериксен е нов играч на Интер!

Точка

28/01/2020

14:41

930

Големина на фонт

а а а

Сагата е готова - милански Интер предмалку и официјално го потврди ангажманот на данскиот плејмејкер Кристијан Ериксен.

Откако вчера ги мина медицинските прегледи во Милано, денес Ериксен и официјално стана нов играч на Интер. Данецот го избра бројот „24“ и стави потпис на четири и пол годишен договор според кој ќе заработува 8 милиони евра фиксна плата, плус 2 милиони евра во вид на бонуси.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, играчот чија што вредност се проценува на околу 90 милиони евра, во Милано пристигнува за обесштетување од „скромни“ 20 милиони евра, со оглед на тоа што Интер успеа да го убеди да се пресели на „Џузепе Меаца“ на само неколку месеци пред истекот на неговиот договор со Тотенхем.

Лондонскиот клуб ќе добие 15 милиони евра обесштетување, плус 5 милиони евра во вид на бонуси.

Данскиот репрезентативец е третото засилување на Интер во зимскиот преоден рок, откако претходно „Нераѕурите“ ги ангажираа Ешли Јанг и Виктор Мозес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг