Живот во изолација поради Корона вирусот: Жителите на Вухан од прозорци и балкони ја пееја кинеската химна

Точка

28/01/2020

14:50

2.292

Големина на фонт

а а а

Жителите на централниот кинески град Вухан кои се затворени во своите станови по сопствен избор или по „налог“, прават сѐ што можат за да го подигнат расоложението во „мртвиот“ град.

Така на пример, станарите на некои згради вчера излегоа на прозорци и балкони и заедно ја пееја кинеската химна и други традиционални кинески песни.

Рефренот на химната кој во превод значи „стани, стани, стани“ одекнуваше од зградите во инаку 11-милионскиот Вухан, град чии улици се празни поради епидемијата на смртоносниот Корона вирус.

Кинеските власти денес потврдија дека како последица на опасниот Корона вирус починале 106 лица, а повеќе од 4,500 се заразени, во најголем дел жители токму на Вухан, град од каде што започна да се шири епидемијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг