На Леброн Џејмс потребни му беа речиси два дена за првпат да се огласи по смртта на еден од неговите идоли во НБА лигата, па откако стана јасно дека дербито меѓу Клиперс и Лејкерс нема да се одигра, јавноста посвети внимание на прошталната порака која му ја упати „кралот“ на Коби Брајант.
Леброн кој сега е лидер на проектот на „езерџиите“ имаше фантастичен и прилично братски однос со легендарниот играч на Лејкерс, па повеќе од јасно е дека Џејмс прилично тешко ги доживува овие ужасни 48 часа. На интернет веќе можеше да се види неговата прва реакција за ненадејната смрт на Коби, а сега тој го прекина молкот и му ја испрати првата порака преку социјалните мрежи.
– Не сум подготвен за ова, но тука сум. Тука сум седнат и се обидувам да напишам нешто за оваа објава, но секојпат кога се обидувам, почнувам да плачам одново и одново, мислејќи на тебе, на малата Џиџи, на пријателството, односот и братството кое го имамве. Го слушнав твојот глас во неделата наутро пред да ја напуштам Филаделфија за да се вратам во Лос Анџелес. Не мислев дека тоа ќе биде последната конверзација која ја имавме. Неутешен сум и уништен брате! Те сакам мој постар брате. Моето срце е со Ванеса и децата. Ти ветувам дека ќе го продолжам твоето наследсто! Значиш многу за сите нас, пособено за Лејкерси, а моја одговорност да го носам ова на грбот и да продолжам. Те молам, дај ми сила од небото и чувај ме! Сакам да кажам многу повеќе, но не можам да го направам тоа во овој момент кој не можам да го надминам! До нашето следно гледање, брате! Мамба цел живот, Џиџи за цел живот, – порача Леброн.