Еден од најпознатите актери на сите времиња, тројниот оскаровец, Џек Николсон е еден од најголемите фанови на Лос Анџелес Лејкерс.
Самото тоа што цели 50 години има сезонски билет за првиот ред во „Стејплс Центарот“ го натерало Николсон да се здружи со голем број кошаркарски ѕвезди кои го носеле дресот на Лејкерси, а меѓу нив бил и Коби Брајант.
Николсон истакна дека бил скршен откако ја донзал веста дека Коби Брајант загинал во хеликоптерска несреќа и во интервјуто спомна неколку интересни средби кои ги имал со сега починатиот кошаркар.
– Мојата реакција е иста како целиот Лос Анџелес. Одеднаш, таму каде што се беше цврсто и сигурно, сега има голема дупка во ѕидот. Толку се навикнав да се гледам и да се дружам со Коби..Ова едноставно те убива, ова е ужасен настан. Ќе го паметам колку голем играч беше. Кога прв пат се сретнавме се шегував со него. Тоа беше во Њујорк, во Медисон Сквер Гарден. Му понудив кошаркарска топка и го прашав дали сакам да му дадам автограм. Ме гледаше како да сум луд. Сите мислиме на него постојано, веќе ни недостига многу, - изјави Џек Николсон.