Тензично на Блискиот исток: Израел испраќа војска во Јорданската долина, се огласи Хамас!

Точка

28/01/2020

15:23

2.128

Големина на фонт

а а а

Израел започна да го зголемува своето воено присуство во Јорданската долина во исчекување на претставувањето на планот на Доналд Трамп за Блискиот исток.

Истовремено се огласи палестинската терористичка организација Хамас од каде што најавија дека ќе побараат состанок со раководството на Палестина.

Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека долгоочекуваниот мировен план за Блискиот исток ќе го објави пред посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Вашингтон.

Трамп неодамна на новинарите во претседателскиот авион им откри дека можеби Палестинците на почетокот ќе реагираат негативно на неговиот мировен план, но дека верува дека и Израелците и Палестинците ќе имаат голема корист од планот.

„Тоа е одличен план. Тоа е план кој навистина ќе функционира“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп кој денес во Белата куќа ќе има средба со израелскиот премиер Нетанјаху.



Спонзорирани линкови

Маркетинг