Ѓоковиќ пред натпреварот му оддаде почит на Коби па со солзи во очите изусти: „Ме инспирираше и мене и целиот свет, мој ментор, пријател...“

Супермен

28/01/2020

13:17

2.924

Големина на фонт

а а а

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ непосредно пред четвртфиналето на Австралијан Опен во натпреварот против Милош Раониќ, му оддаде почит на трагично настраданата легенда Коби Брајант.

Ѓоковиќ се загревал во тренирка на која може да се забележат иницијалите К.Б. и броевите 8 и 24 кои Коби ги носеше во текот на кариерата во ЛА Лејкерс и срце.

Српскиот ас и Брајант имале пријателски однос, а на трагично загинатиот Американец, Ѓоковиќ му беше омилениот тенисет дури му бил и ментор во моментите кога имал проблеми и му помогнал да се врати на позицијата број 1.

Публиката емотивно и со солзи реагирала на гестот на Ѓоковиќ.

„Не знам што би можел да кажам. Ужасно изненадување, еден од најголемите спортисти на сите времиња. Ме инспирираше, го инспирираше целиот свет. Ја имав таа среќа да имам прекрасен однос со него. И кога ми беше потребен совет... Мој ментор, мој пријател. Срцекршачки е да се види што му се случи и него и на неговата мала ќерка...“ - изустил Ноле, а потоа заплакал. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk