Хонгконг ја затвора границата кон Кина

Макфакс

28/01/2020

12:59

1.016

Големина на фонт

а а а

Хонгконг ги објави плановите за намалување на прекуграничното патување помеѓу градот и копното со Кина, бидејќи новиот коронавирус продолжува да се шири.

Повеќе од 100 луѓе починаа во Кина, со потврдени инфекции кои достигнуваат над 4.500.

Експресните возови и фериботите што ја преминуваат границата ќе бидат суспендирани од четврток, објави лидерот на Хонгконг, Кери Лам, која носеше заштитна маска за лице.

Вирусот се рашири низ Кина и најмалку во 16 земји на глобално ниво.

Неколку странски влади со голем број граѓани во Вухан, епицентарот на епидемијата, размислуваат за евакуации. Јапонија најави дека испраќа авион во Вухан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг