Официјална потврда на трансферот: Бен Арфа продолжува во Ла Лига

Дерби

28/01/2020

12:19

756

Големина на фонт

а а а

Тоа што веќе беше и повеќе од јасно сега доби и официјална потврда, Хатем Бен Арфа е нов член на Ваљадолид.

Контроверзниот фудбалер кој повеќе од половина година немаше клуб се договори со тимот кој е под сопственост на легендарниот Роналдо и ќе го носи дресот на Валјадолид до крајот на оваа сезона.

Бен Арфа важи за еден од најконтроверзните фудбалери на денешницата, а своите повремени испади во клубовите го чинеа далеку подобра фудбалска кариера.

##https://twitter.com/realvalladolidE/status/1222096502539137025?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг