И Милан ќе му оддаде почит на Коби Брајант на денешниот натпревар против Торино

Дерби

28/01/2020

11:48

780

Големина на фонт

а а а

Екипата на Милан денеска ќе го пречека Торино во натпревар од рамките на Купот на Италија.

На оваа средба ќе биде оддадена последна почит до Коби Брајант кој пред два дена трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа.

Легендарниот кошаркар вежеше за голем фан на италијанскиот клуб, па токму затоа од Милан ќе упатат последен поздрав така што натпреварот против Торино ќе започне со минута молчење во чест на големиот Коби, а играчите на двата тима ќе носат црни ленти.

Инаку, Коби во младоста живеел во Италија затоа што неговиот татко играл во неколку клубови од оваа земја, па од таму љубовта кон фудбалската институција Милан. Во неколку наврати Коби зборуваше дека е голем фан на италијанскиот клуб, а во една прилика дури го посети и тренинг центарот на „росонерите“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг