Не стивнува тагата по веста за загубата на еден од најдобрите спортисти на сите времиња, Коби Брајант кој го загуби животот во хеликоптерска несреќа.
На натпреварот помеѓу Далас и Оклахома кој припадна во корист на Маверикс со 107:97, најмногу се истакна Лука Дончиќ кој уфрли 29 поени и запиша 11 асистенции.
Токму Дончиќ беше во центарот на вниманието на овој натпревар затоа што на себе носеше патики со кои упати последен поздрав до Коби Брајант, но и сите оние кои го загубија животот во страотната хеликоптерска несреќа.
Многумина од кошаркарите од НБА Лигата оддадоа почит на таков начин, а Лука на својот Твитер профил подоцна напиша дека ова бил неговиот најтежок натпревар во кариерата.
– Далеку најтешкиот натпревар кој сум го играл. Се уште не ми се верува. Засекогаш со нас, -напиша Дончиќ.
Инаку, Дончиќ и Коби беа во центарот на вниманието пред околу еден месец кога легендарниот Брајант седеше покрај аут линијата и на словенечки јазик го поздрави кошаркарот на Далас.
by far the hardest game i ever had to play!! still can’t believe it!! always with us!🙏🙏🙏 #RIP pic.twitter.com/PscNbfLain
— Luka Doncic (@luka7doncic) January 28, 2020