Во Германија потврден првиот случај на Корона вирусот: Заразен е жител на место во близина на Минхен

Точка

28/01/2020

13:03

2.759

Големина на фонт

а а а

Во Германија е потврден првиот случај на смртоносниот Корона вирус, епидемија која од крајот на 2019-та година изби во Кина, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Баварскиот здравствен оддел синоќа потврди дека со вирусот е заразен жител на Старнберг, место на триесетина километри од Минхен.

Заразениот засега е во добра здравствена состојба и се наоѓа под надзор на докторите. Инаку, не се објавени детали за заразениот, ниту на која возраст е, ниту пак е позната неговата националност.


Луѓето кои што биле во контакт со пациентот се известени за можните симптоми на болеста, односно мерките кои треба да ги преземат во случај на промена на нивната здравствена состојба, објавија од споменатата баварска институција.

Вирусот кој кон крајот на годината беше откриен во кинескиот град Вухан досега усмрти над 100 лица, а поради вирусот 50-тина милиони луѓе се ставени во карантин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг