Бијонсе и Џеј Зи се еден до најмоќните парови во светот на музичката индустрија, а многумина се согласуваат дека немаат конкуренција.
Што се однесува до стилот, тоа го покажале појавувајќи се на забавата на Клив Дејвис, која традиционално се одржува во пресрет на доделувањето на Греми наградите.
Популарната пејчка во многу едноставен црвен и елегантен фустан го истакнала бујното деколте, но имала и длабок изрез до колкот, па е нејасно дали воопшто под него носела долна облека.
За тоа дека и сама била воодушевена од она што го облекла, сведочат и неколкуте фотографии кои ги објави на Инстаграм профилот.
Џеј Зи не се одвојувал од убавата сопруга, а тој за оваа прилика облекол бело одело кое го надополнил со црни очила за сонце.