Потресно: Насред музички натпревар дознала дека мајка ѝ починала, а пеела за неа!

Точка

27/01/2020

20:34

4.248

Големина на фонт

а а а

Девојче од Индонезија по име Џана, учествувало на музичкиот натпревар „Liga Dangdut Indonesia“, каде пеело како славеј, разнежнувајќи го жирито, а потоа открило дека нејзината мајка страда од поодмината форма на дијабетес и дека единствена желба ѝ е да ја освои првата награда, за тие пари да ги искористи за лекување на нејзината мајка.

Продукцискиот тим дошол на идеја да ја повика мајката на Џана, насред програма, за на девојчето да му ги соопштат убавите вести. За жал, мајката не била таа која ја кренала слушалката. Наместо неа, се јавил вујкото и ја открил страшната вест.

„Џана, твојата мајка беше силна, како што мора да бидеш сега и ти, за да се грижиш за своето семејство. Ја сакавме, но, за жал, Алах ја сакаше повеќе и ја зеде кај себе. Твојата мајка почина“, ѝ соопштил вујкото на својата внука и на сите во студиото.

Нејзиното учество во музичкиот натпревар ќе продолжи, а веќе добила многу пораки со поддршка на својот Инстаграм за да продолжи понатаму.

Реакцијата на Џана кога ја дознава страшната вест, може да ја погледнете во продолжение. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг