Светот се збогува со кошаркарската легенда Коби Брајант, кој вчера трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа, заедно со уште 8 лица.
На социјалните мрежи се појавија бројни фотографии и снимки од кошаркарот, а исклучок не се ни објавите од нашата земја.
Една од објавите која особено го привлече вниманието на македонската јавност е фотографијата на која Коби Брајант позира со македонските репрезентативци и македонското знаме, а истата била направена на светското првенство во “Стритбол” во далечната 1998 година.
На фотографијата, покрај Коби, позирала и уште една НБА ѕвезда – Трејси Мекгрејди.