„Веројатно историјата ќе нè памети по лошо“: Градоначалникот на Вухан изнел шокантно признание

Точка

27/01/2020

19:20

9.544

Големина на фонт

а а а

Тој во текот на интервјуто признал дека информацијата за ширењето на вирусот не била доволно брзо објавена.

Градоначалникот на Вухан, кинескиот град кој е жариште на новиот корона вирус, денес поднел оставка затоа што градот не реагирал соодветно на ширењето на вирусот иако своето делување на скала од 0 до 100 го оценил со 80.

„Го затворивме градот за да го запреме ширењето на вирусот, но веројатно историјата ќе нè памети по лошо“ - рекол Зоу Сиванг во интервју за државната телевизија „ČTV“.

Тој навел дека е подготвен да поднесе оставка доколку тоа помогне да се спречи ширењето на вирусот.

Во текот на интервјуто признал дека информацијата за неговото ширење не била доволно брзо објавена.

Тој, меѓутоа делумно ја открил процедурата според која локалната самоуправа мора да бара одобрување од Пекинг за да се издадат такви информации.

Меѓутоа, многу од граѓаните го критикуваат ова негово интервју на социјалните мрежи со оценка дека градоначалникот премногу се фалел самиот себе.

Многу од коментарите на социјалните мрежи се фокусираат на тоа што Сиванг го оценил своето делување со 80.

„Сега разбирам што значи да се биде бесрамен“ - навел некој од корисниците на социјалната мрежа „Weibo“.

„Нашите луѓе не можат да бидат така лесно измамени... Вирусит е само уште една причина затоа што администрацијата во Вухан долго време ги лаже граѓаните и централната влада“ - напишал некој друг корисник на „Weibo“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг