Ирис е во врска со 45 години помлад маж: „Штом се видовме водевме љубов, а сега сите ме осудуваат“

Супермен

27/01/2020

18:17

4.318

Големина на фонт

а а а

Англиската пензионерка Ирис Џонс (80) планира венчавка со своето момче Мохамед Ирбихам (35) од Египет кој го запознала по пат на социјалната мрежа Фејсбук иако е повозрасна дури 10 години од неговата мајка.

Ирис се вљубила во него на Фејсбук, а првиот пат кога се виделе се заљубиле до уши. По некое време, разликата во годините станала неважна. По четири денови дружба, одлучиле да се венчаат во Каиро, но ги немале потребните документи. Ирис инсистира на враќање во Египет без оглед на противењата на нивните семејства.

Таа го брани својот партнер тврдејќи дека со неа не е поради парите или пак желбата да добие британска виза.


„Доколку сака да се венча со мене поради моите пари тогаш ќе се разочара затоа што живеам само од мојата пензија“ - рекла таа, додавајќи дека веднаш му кажала дека нивниот однос треба да го градат врз искреност.

„Додека бев во Египет одевме во сите најскапи ресторани и сите сметки ги делевме на половина. Тој ми кажа дека сака да потпише предбрачен договор затоа што јас сум таа која што ја сака, а не мојата куќа“ - изјавила Ирис.

Таа открила дека долго време сака да ги усреќи другите луѓе, но дека сега конечно сака да биде само со еден човек кој го сака.

„Бев изненадена колку е висок. Првпат кога се видовме само силно ме прегрна“ - рекла Ирис.

Како што вели таа, неколку часа подоцна веднаш воделе љубов. За неа тоа искуство било незаборавно велејќи дека се чувствувала како девица.


„Беше тешко, но романтично. Мојот поранешен сопруг ми замеруваше што сум фригидна кога пред 40 години се разведовме, но јас сум сигурна дека не сум“ - додала таа.

Ирис живее од 200 фунти пензија неделно.

„Ова нема врска со пари. Парите не се сè, не можат да ти ја купат среќата. Љубовта не познава граници. Ирис и јас се разбираме многу добро и добро се надополнуваме. Не ме интересира што другите мислат за нас туку ме интересира тоа што јас го чувствувам. Ирис е прекрасна и страствена“ - изјавил Мохамед. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk